Колку земјава заработи од извоз на киви?

48

Извозот на киви на глобално ниво лани достигна вредност од 2,9 милијарди долари, покажуваат податоците на World’s top export.

Нов Зеланд го има најголемиот дел од извозот во светот со 51,3% или инкасирани 1,5 милијарди долари од продажба на киви на странски пазари. Меѓу петте најголеми извозници на киви во светот се и: Италија (498 милиони долари), Белгија (225 милиони долари), Чиле (172 милиони долари) и Грција (161 милион долари).

Македонија е 39-та во светски рамки со извоз на киви во вредност од 235.000 долари.

Словенија лани од извоз на киви заработи два милион долари. По нејзе следуваат: Бугарија (337.000 долари), Хрватска (168.000 долари), Босна и Херцеговина (55.000 долари) и Србија (11.000 долари).

Фото: Pixabay