Минатиот месец цената на златото го достигна максимумот надминувајќи ја границата од 2.000 долари за унца.
И додека зголемувањето на цените беше условено од трговците со злато, се поставува прашањето за снабдувањето со овој благороден метал, како и за тоа кога тој повеќе нема да постои.
Побарувачката за злато е голема затоа што на златото се гледа како на инвестиција, статусен симбол, но и затоа што е една од клучните компоненти во многу електронски уреди. Сепак, златото е исто така ограничен ресурс и во одреден момент ќе се случи повеќе да го нема во рудниците.
Во 2019 година, производството во рудниците за злато изнесуваше вкупно 3.531 тони, што е за еден процент помалку од претходната година, според Светскиот совет за злато.
Фото: Pixabay