Комерцијална банка АД Скопје прогласена за најдобра банка од Global Finance

47

25873436Престижното списение Global Finance, на Комерцијална банка АД Скопје и ја додели наградата за Најдобра банка во Македонија во 2013 година.

Во соработка со индустриски аналитичари, директори на корпорации и технолошки експерти, уредниците на магазинот Global Finance го направија изборот на најдобри банки во 22 земји во развој од Централна и Источна Европа за 2013 година.

Банките беа бирани врз основа на повеќе критериуми како: пораст на актива, профитабилност, стратегиски односи, услуги за клиенти, конкурентни услови и иновативни производи.

Досега Комерцијална банка АД Скопје е десет години по ред носител на наградата за Најдобра банка во Република Македонија која ја доделува ова списание.