Комерцијална банка ги намали каматните стапки

31

  Од вчера (01.07.2018) Комерцијална банка АД Скопје ги намали каматните стапки:

  • Пасивните каматни стапки на правни лица: орочените денарски депозити и орочените денарски депозити на пензиски и инвестициски фондови, друштва за управување со пензиски фондови и друштва за управување со инвестициски фондови со прилагодлива и фиксна каматна стапка од 0,01 п.п. до 0,50 п.п.;
  • Пасивните каматни стапки на физички лица: на дел од орочените денарски штедни влогови со прилагодлива и фиксна каматна стапка од 0,04 п.п. до 0,13 п.п.

Во соопштението на банката се наведува дека кај договорите за депозити и кредитни производи ќе се изврши автоматска промена на номиналната каматна стапка согласно промените на референтните стапки.

Во периодот од 01.07.2018 до 31.12.2018 година, на сите побарувања од физички лица во денари, каде номиналната каматна стапка е повисока од законската затезна камата, Банката ќе пресметува камата по каматна стапка од 11% на годишно ниво.