
Што го прави еден менаџер добар лидер? Дали е тоа способноста да донесе вистинска одлука, да го мотивира тимот или да препознае потенцијал кај луѓето со кои работи? Одговорот најчесто е комбинација од сето ова, а токму на овие вештини беше посветена Flex Group Leadership Academy, која успешно го заокружи своето прво издание со доделување дипломи на учесниците.
Во текот на осуммесечната програма, приближно 60 директори и менаџери од компаниите во рамки на Flex Group поминаа низ осум едукативни модули, посветени на развој на лидерските и менаџерските компетенции, подобра комуникација, управување со тимови и градење култура на одговорност и резултати.
Академијата, иницирана од Секторот за човечки ресурси, беше замислена како простор во кој менаџерите ќе можат да излезат од секојдневната оперативна рутина, да разменат искуства и да работат на предизвиците со кои реално се соочуваат при водењето луѓе.
Во реализацијата на програмата учествуваа експерти од Prudens – организациски развој и лидерство, кои придонесоа во развојот на лидерските и организациските вештини. Посебен акцент беше ставен и на емоционалната интелигенција преку обуката „Емоционална писменост и коучинг вештини за лидери“, предводена од Верита Акташ од Veritas Coaching. Завршниот дел од Академијата беше посветен на градењето високоефикасни тимови, со Дарко Мирковиќ од Алтерна Србија, кој ја обработи темата како да се изградат врвни професионалци и тимови што постигнуваат резултати.
Она што ја направи Академијата особено значајна беше можноста наученото веднаш да се поврзе со реални ситуации од работното место. Учесниците не разговараа само за тоа како треба да изгледа доброто лидерство, туку и за тоа што можат да променат во сопствениот пристап кон своите тимови.
„Највредно ми беше што можев да слушнам како колегите од другите компании во Групацијата се справуваат со слични предизвици. Сфатив дека понекогаш мала промена во начинот на комуникација може да направи голема разлика во тимот“, споделува еден од учесниците, регионален менаџер во Flex Broker.
„Академијата ме потсети дека не е доволно само да поставиш цел и да очекуваш резултат. Важно е да разбереш што му е потребно на секој член од тимот за да го даде најдоброто од себе“, истакнува учесник од менаџерскиот тим на Flex Credit.
Со доделувањето на дипломите заврши првото издание на Flex Group Leadership Academy, но не и процесот на учење. За Групацијата, која ги обединува Flex Credit, продукт Zemi Pari на ФД Флекс кредит, Flex Broker, НАН и Flex Pay, вложувањето во развојот на менаџерите е истовремено вложување во луѓето што тие ги водат.
Бидејќи вистинската вредност на една лидерска академија не се мери само со бројот на завршени модули и доделени дипломи, туку со промените што ќе се почувствуваат во секојдневната работа на тимовите.













