Комерцијална банка: Исплатата на пензиите за октомври започнува денеска

64

Пензионерите кои имаат активна дебитна картичка со својата пензија ќе може да располагаат од петок, 01.11.2024 година, и ќе може да ја подигнат на банкомат или да ја користат за безготовинско плаќање низ трговската мрежа.

Комерцијална банка ќе започне со исплата на пензиите за октомври од петок, 1.11.2024 година.

Пензионерите кои имаат активна дебитна картичка со својата пензија ќе може да располагаат од петок, 01.11.2024 година, и ќе може да ја подигнат на банкомат или да ја користат за безготовинско плаќање низ трговската мрежа.

Пензионерите кои не користат дебитна картичка, пензијата од 01.11.2024 година ќе може да ја подигнат во експозитурите и филијалите на Банката, од понеделник до петок, а секако и во сабота, кога филијалите на Банката низ целата земја и повеќе експозитури во Скопје работат од 9 до 12 часот.