Комерцијална банка ја промовираше услугата KomPay во Скопје Сити Мол

37
ozedf

Комерцијална банка вчера во Скопје Сити Мол ја промовираше услугата KomPay за бесконтактно плаќање. Оние кои беа дојдени во киното Cineplexx можеа на штандот на банката да ја преземат апликацијата KomPay и на тој начин брзо и едноставно да платат со својата Mastercard картичка издадена од банката.

Сепак она што ја прави оваа акција позначајна е тоа дека со секоја трансакција извршена преку услугата, Комерцијална банка донира по еден денар за младинските домови Сакам да знам.

Присутните во Сити Мол имаа и можност да се запознаат со работата на овие домови преку волонтери кои делеа информативни флаери на влезовите.

Младинските центри Сакам да знам со коишто раководи ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување во партнерство со Здравствениот дом – Скопје се првите и единствени центри во Скопје кои нудат бесплатни и доверливи здравствени услуги и советување за младите и за социјално маргинализираните лица.

Од отворањето во 2006 година до денес, двата младински центри Сакам да знам имаат понудено повеќе од 88.000 услуги на над 27.000 клиенти. Од нив, околу 70% се млади до 30 години кои доаѓаат од социјално исклучени или ранливи групи, а околу 20% се студенти и средношколци.

Комерцијална банка информира дека промотивниот дел за инсталација на апликацијата KomPay ќе биде продолжен за пет месеци со што ќе бидат собрани и повеќе средства за младинските домови.