
Комерцијална банка предупредува дека е забележана измамничка кампања со испраќање лажни пораки по електронска пошта, при што испраќачот лажно се претставува во име на Банката.
Во пораките се испраќа известување за плаќање, кое содржи фајл со злонамерен софтвер. Со кликање на фајлот, примателите на пораката се изложуваат на ризик од неовластен пристап до лозинките и доверливите информации достапни на уредот.

Апелираме да не се клика на фајлот и пораката веднаш да биде избришана. Целта на ваквите измамнички пораки е прибирање сензитивни податоци и/или инсталација на злонамерен софтвер на уредот.
Како да препознаете лажна порака?
- Лажните пораки често упатуваат на итна реакција и се однесуваат на важни теми, како приливи или одливи на средства, опасност од губење пристап или слично.
- Често содржат граматички и правописни грешки – читајте ги внимателно.
- Задолжително проверете го називот и домејнот на e-mail адресата на испраќачот.
Бидете внимателни и следете ги советите за препознавање злонамерни пораки.











