Комерцијална Банка: Исплатата на пензиите за декември почнува од петок

Комерцијална банка АД Скопје ќе започне со исплата на пензиите за декември од петок, 29.12.2023 година.

Пензионерите кои имаат активна дебитна картичка со својата пензија ќе може да располагаат од петок, 29.12.2023 година, и ќе може да ја подигнат на банкомат или да ја користат за безготовинско плаќање низ трговската мрежа.

Пензионерите кои не користат дебитна картичка, пензијата од 29.12.2023 година ќе може да ја подигнат во експозитурите и филијалите на Банката.