Комерцијална банка со присилна наплата го презеде Еуроникел

Комерцијална банка соопшти дека се стекнала со сопственост врз металуршкиот комбинат „Еуроникел“, поранешен „Фени“, каде што банката е главен доверител.

“Согласно член 158 од Законот за хартии од вредност, Комерцијална банка АД Скопје известува дека на 11.12.2023 година во постапка за присилна наплата на побарувања од должникот ЕУРОНИКЕЛ ИНДУСТРИ ДОО с.Возарци Кавадарци, Банката се стекна со сопственост врз недвижен и подвижен имот за вкупна цена од 37.897.993,00 евра“, извести банката преку Македонската берза.