Комисијата за заразни болести бара: Задолжително најмалку една вакцина или ПЦР тест за вработените во јавниот сектор

211

Министерот за здравство Венко Филипче информира дека по завршувањето на состанокот на Комисијата за заразни болести одлучено е да има промена во рестриктивните мерки.

„Донесени се соодветни предлози кои ќе ги предложиме до Владата, а тоа е да сите вработени во јавниот сектор, во локалната самоуправа, во сите институции под овие владини институции за одење на работно место прикажат потврда за најмалку една примена вакцина или да имаат негативен ПЦР тест кој ќе важи најмалку 72 часа, а ќе биде направен на сопствен трошок или ќе имаат потврда за прележан Ковид не постар од 45 дена или потврда од лекар специјалист дека вакцината не можат да ја примат, а тоа се една од ретките имунолошки состојби за што ќе излеземе со соодветна листа на болести и специјалисти кои тие потврди ќе можат да ги издаваат, кажа Филипче. Исто така се бара и задолжителна вакцинација против ковид-19 за здравствените работници.

Филипче вели дека очекува до овие мерки да се приклучат и приватните компании.

Овие мерки би важеле по 10 дена откако ќе ги усвои Владата, а ќе се остават дополнителни 30 дена за тој процент од 20-30 отсто од невакцинираните здравствени работници да се вакцинираат.

За тоа кој ќе ја врши контролата на сертификатите, Филипче кажа дека за тоа ќе се разговара на седница на Главниот кризен штаб.