Компании од прехранбената индустрија се претставија пред Spar и Tesco

41

nastan

Компании од прехранбената индустрија од регионот ги претставија своите производи пред претставници од големите ланци маркети Spar и Tesco. Во организација на ЦЕЕД Македонија, со поддршка на Проектот на УСАИД за Регионален Економски Раст (РЕГ), на 19 мај, во Скопје беше организирана Б2Б (business to business) средба на компании од Македонија, Србија, Албанија, Косово и Босна и Херцеговина, на која произведувачите разговараа за можноста нивните производи да се најдат на полиците на големите трговци.

Компаниите од регионот на средбата се запознаа со начинот на работа на трговците, како и кои услови треба да ги исполнуваат добавувачите на овие маркети.

Холандскиот трговски ланец Spar и британскиот Tesco се едни од најголемите ланци маркети во Европа. Tesco има маркети во 12 земји во Азија и Европа и е лидер на британскиот пазар, со удел од околу 28,4%. Spar, со седиште во Амстердам, има околу 12.500 маркети во 35 земји ширум светот.