Големината на една компанија се мери според нејзината вредност, односно пазарна капитализација. Па така, во светот постојат компании чија пазарна капитализација е поголема од вредноста на бруто домашниот производ на цели држави.
Visual capitalist направи анализа според податоците на Mackeeper, според кои Apple, чија пазарна капитализација надминува 2.100 милијарди долари, е поголема од бруто домашниот производи на земји како што се: Италија (2.000 милијарди долари), Бразил (1.800 милијарди долари), Канада (1.700 милијарди долари), Канада (1.700 милијарди долари), Јужна Кореја (1.600 милијарди долари)…
Пазарната капитализација на Microsoft се проценува на 1.900 милијарди долари, што е повеќе од БДП на истите земји како и во споредбата со Apple.
Amazon има пазарна капитализација од околу 1.700 милијарди долари, што е повеќе од БДП на: Јужна Кореја (1.600 милијарди долари), Австралија (1.400 милијарди долари), Шпанија (1.400 милијарди долари), Мексико (1.300 милијарди долари), Индија (1.100 милијарди долари)…
Фото: Pexels