Компании што добро ја поминаа кризата ќе ги купуваат оние кои беа помалку подготвени

39

Компанијата TPA Serbia спроведе истражување за трендовите на пазарот во реалниот сектор. За тоа како компаниите го реорганизирале својот бизнис, дали се подготвени да инвестираат и да вработуваат говореше Бојан Жепиниќ од TPA Serbia.

Во истражувањето меѓу финансиските услуги на најголемите компании во Србија, клучните прашања се однесуваа на инвестициите и вработувањето. Од нив 47% се изјасниле дека ќе ги продолжат планираните инвестиции оваа година, а 44% одговориле дека би размислиле за инвестирање.

“Во овие податоци можеме да ги поврземе со фактот дека 35% од странските директни инвестиции се намалени. Отсуството на инвестиции честопати не беше последица на свесна одлука да не се инвестира, но поради вонредната состојба и после тоа кога движењето и протокот на стоки беа ограничени, некои инвестиции не можеа да се реализираат“, наведува Жепиниќ.

Во однос на вработувањата, 65% од анкетираните претприемачи велат дека коронакризата не влијаела на намалување на работната сила или потрага по нов кадар, додека 35% одговориле дека им е потребна нова работна сила или дека ќе го намалат бројот на вработени.

Воведени се нови бизнис модели кои ќе останат и по кризата, нагласува Жепиниќ.

“Регионализацијата на производството е еден од оние променети деловни модели – глобалните синџири на снабдување се погодени од кризата. Европа сега се обидува да ги премести синџирите на снабдување од Азија на стариот континент и тоа е добра можност за Србија, домашните компании да станат дел од тие европски синџири за снабдување. Ефектите од кризата ќе се почувствуваат следната година, на српскиот пазар, каде се очекуваат повеќе аквизиции, а компаниите кои добро ја поминаа кризата ќе купат конкуренти кои беа помалку подготвени“, вели тој.

Фото: Pixabay