Компании што нудат најдобри услови за работа на жени

77

Иако е постигнат напредок во намалување на родовите разлики кога се работи за работните места, јазот во платите и понатаму е силно изразен.

Statista и Forbes направија истражување на над 75.000 вработени во Америка, кои работат за компании што вработуваат најмалку 1.000 луѓе, а вклучени се 45.000 жени.

Како најдобар работодавач за жени во САД, според истражувањето е компанијата REI, што се занимава со продажба на облека, чевли и спортска опрема. Компанијата вработува 13.000 луѓе, а е основана во 1938 година.

Втор најпогоден работодавач за жени во САД е Unilever, трговија со производи за широка потрошувачка, во којшто работат 169.000 вработени, а компанијата датира од 1929 година. На трето место се најде Ulta Beauty, синџир на парфимерии, со 45.000 вработени и традиција од 1990 година.

Меѓу 10-те најдобрите работодавачи за жени во САД беа и: The Hartford (осигурителна компанија), Coca – cola (производство и трговија на храна, пијалаци, алкохол и тутун), Keller Williams Realty (деловни услуги), The Estee Lauder companies (козметички бренд), Best Buy (трговија), Clovus Unified School District (образование) и Zurich Insurance Group (осигурување).

Фото: Freepik