Компаниите на Fortune 500 загубија околу 5,4 милијарди долари поради CrowdStrike

47

Една четвртина од компаниите на Fortune 500 доживеале прекини на услугите поради минатонеделното глобално нарушување предизвикано од колапсот на ИТ системите, а предизвиканата штета се проценува на вкупно 5,4 милијарди долари, пишува Axios.

Fortune 500 е годишна листа составена и објавена од магазинот Fortune која ги рангира 500-те најголеми американски корпорации. Извештајот составен од фирмата за сајбер-безбедност Parametrix дава некои од првите проценки за тоа колку неодамнешните прекини предизвикани од пропуст во кодот на CrowdStrike беа штетни за глобалната економија.

Во просек, секоја засегната компанија изгубила 43,6 милиони долари, според извештајот на Parametrix.

Сите авиокомпании на Fortune 500 и приближно 75 проценти од водечките здравствени организации и банки беа погодени од прекините.

Parametrix проценува дека вкупните осигурени загуби низ Fortune 500 биле помеѓу 540 милиони и 1,08 милијарди долари.

Здравствениот сектор го претрпе најголемиот колективен удар, губејќи околу 1,9 милијарди долари поради исклучувањето.

За споредба, авиокомпаниите загубија околу 860 милиони долари.