
Германските банки се сè повоздржани кога одобруваат кредити за стопанството, па секоја трета компанија се жали дека тешко доаѓа до финансии, објави во понеделникот економскиот институт Ифо.
Во редовното месечно истражување на Ифо, кое опфаќа илјадници компании, 29,3 отсто од нив се соочиле со финансиски проблеми во нивната банка.
Тоа е за 7,9 отсто повеќе отколку во јуни и само малку помалку од историски лошиот резултат од декември минатата година.
„Банките одвреме-навреме ги зголемуваат каматните стапки и стануваат повнимателни кога одобруваат заеми“, рече економистот на Ифо, Клаус Волрабе. „Во економски тежок период компаниите треба да понудат повеќе за да обезбедат кредит.
Мотор на промените во кредитната политика беа, пред сè, услужните дејности, индустријата и трговијата на мало, области кои беа значително послаби и чии перформанси се релативно блиску до вкупниот економски просек.
Во релативно слаба позиција е и градежниот сектор, но иста беше состојбата и во јуни. Единствен исклучок од трендот е трговијата на големо, каде уделот на компаниите кои се соочуваат со пречки на патот кон кредитирањето падна на 20,2 отсто.











