Компаниите во Британија не можат да најдат работници и покрај зголемувањето на платите

136

Според истражувањето на работната сила во Велика Британија, осум од 10 компании не успеале да најдат работници, и покрај тоа што ги зголемиле платите.

Процентот на продавници што не можат да најдат работници нагло се зголеми во последните три месеци, а најлоша е ситуацијата во угостителската индустрија, каде дури 92 проценти од компаниите пријавиле тешкотии при ангажирање работници.

Шефот на една лоби група, Џејн Гретон, посочи дека ситуацијата, кога станува збор за работната сила, се влошува.

„Јасно е дека постои зголемен недостаток на персонал, што на негативен начин влијае на растот на производителите и услужните компании“, додавајќи дека ситуацијата ќе биде уште полоша доколку владата не ги преземе потребните чекори. Доколку негативниот тренд продолжи, најмногу ќе ги погоди потрошувачите, за кои некои производи или услуги нема да бидат доволни за да ги задоволат нивните потреби, пишува „Блумберг“.

Истражувањето на 5.600 компании заклучи дека многу од нив ги зголемиле платите со цел да привлечат инвеститори. Сепак, тоа се уште не вродило со плод. Сето ова резултира со пораст на цените што вршат притисок врз централната банка да ги зголеми каматните стапки за да ја смири инфлацијата.

Патем, проблемот е последица на пандемијата, но и на „Брегзит“, бидејќи сега има многу помалку работници од странство кои ги исполнија споменатите позиции пред Британија да ја напушти Европската унија, а едно од можните решенија ќе биде издавање на еднократни работни визи.