Компанија бара “работник“ кој ќе гледа 13 хорор филмови

42

FinanceBuzz е финансиска компанија која бара кандидат за необична работа: им треба некој што ќе се согласи да гледа 13 од најстрашните хорор филмови снимени досега.

Гледањето е планирано за октомври, а за време на тоа, ќе се следи чукањето на срцето на “вработениот“.

Во пресрет на претстојната сезона, сакаме да откриеме дали високо-буџетските хорор филмови предизвикуваат посилни стравови отколку нискобуџетните“, наведува компанијата, додавајќи дека гледањето ќе биде придружено со носење на апарат за отчукувањата на срцето. Од кандидатот се бара да ги гледа сите 13 хорор филмови од 9 до 18 октомври, а FinanceBuzz ќе му плати 1.300 долари.

Филмовите кои ќе треба да ги изгледа се:Saw, Amityville Horror, A Quiet Place, A Quiet Place Part 2, Candyman, Insidious, The Blair Witch Project, Sinister, Get Out, The Purge, Halloween (2018), Paranormal Activity и Annabelle.