Аmazon нуди неделен бонус од 60 евра за вработените на некои локации во Обединетото Кралство, доколку дојдат на работа на време.
Аmazon рече дека наградата ќе и помогне на компанијата да ја реализира побарувачката за летово и за Божиќ.
“Во моментов нудиме бонус за доаѓање на голем број локации на работници со полно работно време кои ќе го поддржат нашето летно побарување и ќе ни помогнат да се подготвиме за претстојната празнична сезона“, рече портпаролот на Аmazon.
Аmazon инаку е познат како компанија која постојано се соочува со обвинувања за лоши услови за работа низ целиот свет.











