Компанија на кинески милионер моделирана во знакот на Star Trek

17

CN-AA353_netdra_G_20150524223908Милионер од Кина, сопственик на NetDragon, оператор за онлајн игри, го моделираше изгледот на својата компанија во стилот на познатиот Enterprise од популарната серија Star Trek, јавува Wall Street Journal.

Зданието е долго 260, широко 100 метри и се простира на шест ката, а за неговата изградба беа потрошени 97 милиони долари.

NetDragon-headquarters-China-600x443

Сопственикот на компанијата, Лиу Деиан е голем фан на Star Trek и токму затоа се одлучил на ваков чекор, откако CBS, којшто ги има правата над серијата, ја одобри градбата.

Конструкцијата започна во 2010 година, а истата беше комплетирана во мај 2014.

Интересно е што во една од просториите се наоѓа реплика на Тираносаурус Рекс во неговата природна големина.