Компанија на Маск под истрага

61

Компанијата SpaceX минатиот месец изврши тест на ракетата Starship. За време на слетувањето, сепак дошло до експлозија, а Федералната агенција за авијација (ФАА) истражува дали сториле сè според прописите.

Изгледа дека од SpaceX не ги почитувале правилата одредени од ФАА, а истрагата не се однесува само на споменатата експлозија, туку и на самата подготовка на пробниот лет. Би можело да се каже дека ФАА сепак инсистира на тоа да не се лета во вселената така лесно, туку одредени правила мораат да се почитуваат.

“Препознаваме колку е важно што побрзо да се поттикнат иновациите во комерцијалниот простор, но нема да ја ризикуваме општата безбедност. Ќе ги одобриме промените дури кога ќе бидеме сигурни дека SpaceX ги исполнува сите регулаторни барања“, стои во извештајот на ФАА кој најавува истрага, а во кој порталот The Verge имал увид.

Токму овие построги контроли, најверојатно, се причината што последниот пробен лет на компанијата SpaceX е привремено стопиран, а требало да се одржи минатата неделата .

Фото: Twitter