Компанија на вработени им дава по 250 долари за да си купат опрема за работа од дома

30

Вработени во Adobe Romania, што е најголем истражувачки и развоен центар на Adobe во Европа, работат од дома од 12-ти овој месец, со цел да се намали ризикот од ширење на коронавирусот, пренесува Romania Insider.

Освен што компанијата ги охрабрува своите 700 вработени дома да си ја понесат потребната опрема за работа (како што е лаптоп, монитор, тастатура, глувче, слушалки), исто така, им нуди им по 250 долари што ќе треба да се искористат за купување опрема за работа од дома.

Овие 250 долари може да бидат искористени за електроника (слушалки, монитори, интернет уреди), мебел (работно биро или фотелја) или претплата за телефон или интернет услуги.

“Здравјето на нашите колеги е прв приоритет. Во ИТ, имаме предност лесно да се прилагодуваме на работата до дома и нашите колеги во Adobe ги знаат процедурите за работа од дома, како што редовно соработуваат со нивни колеги од други временски зони“, вели Крис Раду од Adobe Romania.

За да останат поврзани меѓу себе, вработените во оваа компанија користат дигитални видео конференции и интерни решенија за допишување, додека нивните дневни состаноци се одржуваат според вообичаен распоред.

Фото: Pexels