Компанија од БиХ ги чести сите вработени одмор во Турција

92

Основачите на ИТ компанијата ZenDev од Босна и Херцеговина одлучија своите врабтени да ги наградат со патување во турскиот туристички град Аланија.

“Сакавме да му покажеме благодарност на нашиот тим“, вели Сенад Шантиќ, еден од основачите на компанијата.

Тој детството го поминал во Шведска, откако неговите родители се преселиле од Мостар, а пред пет години се врати родниот град и отвори фирма која денес е една од најуспешните ИТ компании во земјата. Станува збор за компанија којашто се занимава со изработка на веб и мобилни апликации, најмногу за шведскиот пазар и вработува 50 млади луѓе.

Фото: Facebook