Компанија од БиХ разви робот за дезинфекција

68

Компанијата Webo Bosnia во соработка со матичната компанија Webo Amtzell разви робот што користи UVC зраци за дезинфекција на просторот, пренесуваат медиумите во Босна и Херцеговина.

Роботот е составен од подвижна платформа и систем со UVC лампи, коишто преку мобилна апликација се вклучуваат и на тој начин го дезинфицираат просторот.

“Webo Bosnia ја изработи мобилната платформа, а Webo Amtzell е задолжен за системот на лампи. Примарната намена на мобилната платформа не е само дезинфекција на просторот, туку може да се развива и за други работи, како што се транспортни роботи, автоматизирани информативни системи во банките, на пазарите и останати слични намени“, вели Катарина Илиќ, проектен менаџер во компанијата.

Инаку, Webo Bosnia е компанија од автомобилската индустрија, но поради намален обем на работа предизвикан од пандемијата, почна да реализира нова бизнис идеја.

Сериското производство на овој робот за дезинфекција се очекува да почне во декември.

Фото: Pixabay