Компанија од Нов Зеланд нуди компактни куќички отпорни на земјотреси

52

Papa-1-Park-Homes-NZ-1020x610Park Homes е компанија што дизајнира малечки куќички отпорни на земјотреси, а нејзин основач е Пол Хенеси, градежник од Англија, пишува Inhabitat. Првиот ваков дом е наречен Papa #1, а зафаќа површина од 40 метри квадратни. Се состои од дневна соба споена со кујна, а ходникот води кон бањата, канцеларијата и спалната соба што го прави овој дом целосно функционален. Под скалилата, што водат кон влезната врата, се наоѓа куќичка за кучиња.

Papa #1, којшто ефикасно ја користи енергијата, има одлична изолација благодарение на структурно изолирани панели. Надворешниот изглед на куќата е постигнат со композитни црни панели од алуминиум. На долниот дел на домот, којшто е сместен на приколка, се наоѓаат панели што може да се отстранат. Бидејќи куќата е поставена на приколка, затоа е отпорна на земјотреси, а според Park Homes може самостојно да се движи по земјата, што го штити од несаканите ефекти при овие природни непогоди.

За да се изгради еден ваков дом потребни се 55.000 долари.

Papa-1-HomePapa-1-KitchenPapa-1-InteriorPapa-1-Living-RoomPapa-1-Bathroom-1020x610