Компанија од САД го создаде првиот дигитален инхалатор

68

hand-holding_clear

Фото: Pneuma Respiratory

Компанијата Pneuma Respiratory со седиште во Северна Каролина го создаде првиот дигитален инхалатор во светот, пишува EurekAlert. Клиничките студии покажаа дека уредот може ефикасно да достави голем број на различни лекови во белите дробови. Инхалаторот користи електронско активирање на здив и мек исфрлач на лекот.

Како пациентот вдишува, инхалаторот го чувствува здивот и автоматски се активира. Ова овозможува дозираниот лек во форма на ситни капки да влезе во белите дробови без дополнителни поттиикнувачи. Уредот доаѓа со апликација за смартфон, којашто дава податоци за дозата во реално време.

Pneuma Respiratory е основана во 2015 година, а составена е водечки светски истражувачи, лекари, дизајнери и инженери.