Компанија од Силиконската долина ја купи словенечка Celtra

30

Американско-словенечката компанија Celtra, основана во 2006 година од Словенците Михаел и Маја Микек и Матевж Клањшек, доби нов мнозински сопственик.

Станува збор за приватен фонд Symphony Technology Group (STG) од Силиконската долина, кој за мнозинскиот удел ќе плати околу 190 милиони долари (164 милиони евра), пренесува Finance.

Celtra е лидер во развојот на креативна технологија за мобилно рекламирање на веб-страници и во апликации. Услугите на Celtra ги користат компании како Unilever, Uber, Airbnb, Apple, YouTube и McDonalds.

Celtra работи во Љубљана, Бостон, Сан Франциско, Сиднеј, Сингапур, Лондон, Чикаго и Њујорк. Има повеќе од 250 вработени.

Михаел Микек изјави за Business Insider дека оваа година ќе има приход од 50 милиони долари (43 милиони евра), што е за околу 25 отсто повеќе од минатата година.