Компанија продава „златен пасош“ за пензионери кои сакаат да патуваат низ светот на крузер до крајот на животот

Компанијата за крстарења им нуди на пензионерите необична можност – да го поминат остатокот од животот на море благодарение на специјална програма наречена „Златен пасош“.

Компанијата Villa Vie Residences го започна проектот „Бескрајни хоризонти“, кој им овозможува на гостите да останат на крузер доживотно, со сите придружни услуги.

Првичната цена на Златниот пасош е 99.999 долари (околу 86.230 евра). Оние што ќе го купат ќе имаат право континуирано да крстарат и да посетат повеќе од 400 дестинации во 140 земји.

Секое крстарење ќе трае помеѓу три и три и пол години, додека повеќето пристанишни застанувања ќе бидат планирани за два до три дена, што дава доволно време за истражување на дестинациите.

На гостите им се обезбедени сите услуги – од храна, перење и чистење на кабината, до забава и интернет. Вино или пиво се служи со оброците, а патниците имаат право на бесплатни годишни медицински прегледи за да го зачуваат своето здравје.

Опцијата од 99.000 долари е резервирана за оние над 90 години. За помладите патници, цените се зголемуваат – најскапиот пакет, во износ од 299.999 долари, е наменет за оние меѓу 55 и 60 години.

„Како што луѓето се пензионираат, еден од нивните најголеми стравови е дека ќе ги надживеат своите пари“, рече основачот на Villa Vie Residences, Мајк Петерсон, според Дејли Меил. „Со Златниот пасош, таа неизвесност исчезнува – едно плаќање значи цел живот авантура. Нашата политика на цени според возрасна категорија гарантира дека „Бесконечните хоризонти“ повеќе не се само сон на привилегираните, туку остварлива реалност за многумина.“