Компанија за да привлече работници нуди работна недела од само три дена

83

Финтек компанијата Slice предложила невообичаена опција за работно време – работна недела од само три дена. Предлогот е обид да се стекнат повеќе технолошки таленти како последица на недостатокот нa работна сила во индиските компании.

Компанијата на новите вработени им нуди тридневна работна недела со плата од 80 отсто од моменталната пазарна цена.

“Ова е вин-вин пристап кој го ослободува работникот да се занимава со други активности и интереси,  додека сè уште имаат постојана плата и бенефиции од компанијата“, изјавил Рајан Бајај, основач на компанијата.

“Ова е иднината на работата“, изјавил Бајај (28) во телефонско интервју за Bloomberg. Луѓето не сакаат да бидат врзани за работата, додал тој.

Глобалните инвеститори вложуваат милијарди долари во индиските технолошки стартап компании, ставајќи ги претприемачите под притисок да ги зголемат тимовите.

Следеше и голем пад на бројот на таленти кога станува збор за IT фирмите.

Slice се обложува дека со својот пристап ќе се издвои од конкуренцијата. Компанијата има 450 вработени и сака да вработи 1.000 инженери и менаџери за производство во наредните три години.

“Работниците можат да добијат плата и многу бенефиции работејќи три дена во седмицата, а остатокот од времето да го поминат барајќи ги своите соништа“, навеле од компанијата.

Доколку оваа одлука биде успешна и доколку работниците ги направи посреќни и попродуктивни, таквата политика на работење ќе биде трајна во канцеларијата во Мумбаи, велат од компанијата.