Компанијата која ги произведува Моцарт топчињата пред банкрот

172

Компанијата Salzburg Schokolade од Гредиг, позната по производството на Моцарт чоколадните топчиња, поднесе барање за стечај до провинцискиот суд во Салцбург.
Поради овој неочекуван крах, синдикатите заедно со работничкиот совет и раководството на компанијата, планираат да разговараат за состојбата и да ги информираат вработените.

Иако компанијата бележеше профит во изминатите години, минатата година пандемијата силно ја погоди, напиша директорот Кристијан Шигерл.
Поради значително намалениот број на туристи, настани и прослави, забележан е пад на продажбата на чоколадни производи, а исто така и Моцарт топчињата.

Падот на прометот од лани можеше само делумно да се компензира во новата деловна година, а покрај новите клиенти во извозот и државната помош во време на корона, и годинава ќе биде забележана огромна загуба поради минатото.
„Сегашниот локдаун и значителното зголемување на цените на суровините, енергијата, платите, трошоците за логистика, материјалите за пакување.. се дополнителни причини“, додаде Шигерл, додавајќи дека на вработените не може да им се исплаќаат ноемвриските плати, како и божиќниот бонус.
Инаку, оваа компанија ги произведува „Chocolate Bobby“, „Maria Theresa Thaler“ и „Salzburg Confishers“.
Компанијата е основана во 1897 година под името Süßwarenfabrik Rajsigl во градот Салцбург, а во 1956 година е преместена во Гредиг.