Компанијата LVMH најави купување на сопствени акции во вредност од 1,5 милијарди евра

45

Вредноста на акциите на конгломератот LVMH се зголеми откако оваа компанија објави план за откуп на акции во вредност од 1,5 милијарди евра.

Групата предводена од францускиот милијардер Бернар Арно ќе откупува акции до 20 јули. Купените акции ќе бидат поништени, пишува Bloomberg.

Арно, извршен директор и претседател на управниот одбор на компанијата, е втор најбогат човек во светот, веднаш по Илон Маск, според индексот на милијардери на Блумберг. Околу 48 отсто од акциите на LVMH се во сопственост на францускиот бизнисмен и неговото семејство, со 64 отсто право на глас.

За време на утринското тргување во Париз, акциите на LVMH пораснаа за два отсто, поради што добивката на компанијата од почетокот на годината порасна на 18 отсто, а нејзината пазарна вредност на околу 404 милијарди евра. Така, LVMH стана компанија со најголема вредност во Европа.