Компанијата на најбогатиот Европеец за половина година заработила 6,5 милијарди евра

100

Најголемиот светски производител на луксузни стоки LVMH (Louis Vuitton Moët Hennessy) забележа пораст на приходите од 28 отсто во првата половина од годината во споредба со истиот период минатата година, при што сите деловни сегменти постигнаа раст на приходите.
Нето добивката на компанијата се зголеми на 6,53 милијарди евра во првата половина од годината, наспроти 5,30 милијарди евра во истиот период минатата година.

Вкупните приходи се зголемија на 36,73 милијарди евра во првата половина од годината, наспроти 28,67 милијарди евра во истиот период лани.

Приходите во сегментот на вино и алкохолни пијалоци скокнаа за 23 отсто во однос на првата половина на 2021 година, на 3,33 милијарди евра, а во модата и производите од кожа за 31 отсто, на 18,14 милијарди евра.

Сегментот парфеми и козметика ги зголеми приходите за 20 отсто, на 3,62 милијарди евра, а часовници и накит за 22 отсто, на 4,91 милијарди евра лани.

Во сегментот на селективна малопродажба, приходите во полугодишниот период на годишно ниво се зголемени за 30 отсто, на 6,63 милијарди евра.

Компанијата е под контрола на Французинот Бернар Арно (73), кој со имот вреден речиси 158 милијарди долари е најбогат Европеец, според Форбс.