Компанијата на Ричард Бренсон поднесе барање за стечај

Компанијата „Virgin Orbit“ на британскиот милијардер Ричард Бренсон поднесе барање за банкрот во САД откако не успеа да обезбеди нови инвестиции.

Минатата недела беше објавено дека компанијата за лансирање на сателити ќе отпушти 85 отсто од своите вработени, откако не успеа да обезбеди нова инвестиција, објави британскиот јавен сервис Би-Би-Си.

Virgin Orbit развива ракети за носење мали сателити и е дел од деловната империја на Бренсон, која ги вклучува авиокомпанијата Virgin Atlantic и вселенската туристичка компанија Virgin Galactic.