Компанијата Nikola е голема измама?

132

Пред неколку дена компанијата Hindenburg Research објави извештај во којшто го проблематизира работењето на компанијата за производство на електрични камиони Nikola. Според извештајот составен од истражувачи од Hindenburg Research, Nikola е измама, а нејзиниот основач презентирал лажни информации со цел да ја зголеми вредноста на компанијата.

Според нив, основачот на Nikola, Тревор Милтон, ја измамил јавноста за технологиите што ги поседува неговата компанија, сè со цел да склучи партнерства со големи компании. Компанијата Nikola лажно ги претстави и напорите за развој на нов вид батерии за употреба во електрични возила, се вели во извештајот. Mилтон ги демантираше обвинувањата и оцени дека воопшто не се работи за вистински извештај и целата работа е нарачана.
“Нема што да криеме, ќе ги побиеме овие тврдења. Nikola е проверен од некои од најверодостојните компании и инвеститори во светот. Ние сме на патот кон успехот и нема да се двоумиме врз основа на извештајот исполнет со погрешни информации“, соопшти компанијата.

Hindenburg Research соопшти дека од Nikola не одговориле на ниту едно од 53-те прашања што ги поставиле во извештајот и покрај најавата дека ќе побијат сè во него.

Милтон во петокот напиша на Twitter дека нивните прашања се лесни и наскоро ќе им доставaт детални одговори. Од компанијата ги отфрлуваат обвинувањата и најавуваат можно преземање правни чекори.

Hindenburg е т.н. shortseller односно short-sellers користат сложени берзански инструменти за да шпекулираат за падот на вредноста на акциите на некоја компанија, позајмувајќи акции што потоа ги продаваат, сметајќи на тоа наскоро да ги купат по пониска цена и да заработат на разликата. Тоа значи дека фирмата заработува пари, секогаш кога паѓа вредноста на акциите на производителот на камиони со напреден погон.

Фото: Facebook