Компанијата што го чистеше патот во Грција мора да плати 2.000 евра на сите што останаа заробени во снегот

223

Снежното невреме „Елпида“ го запре сообраќајот на обиколницата околу Атина, а повеќе од 20 часа беа заробени повеќе од илјада возачи. Во нивното ослободување учествуваше и војската.

Премиерот на Грција, Киријакос Мицотакис, затоа побара отштета од 2.000 евра за заглавен автомобил, од компанијата задолжена за автопатот „Атики одос“, која не успеа да го исчисти патот, иако невремето беше најавувано неколку дена однапред.

По фијаското со илјадници заробени возачи и нивните маки, компанијата наводно го прифатила барањето на премиерот, а се очекува и официјална потврда дека на сите завеани возачи на автопатот ќе им се исплати отштета.

Фото: Facebook