Заклучно со 12-ти март оваа година, Винарската визба Сковин ги подмири сите обврски кон своите добавувачи на гројзе, како кон индивидуалните лозари, така и кон компаниите.
Сковин останува доследен на својата деловна политика за регулирање на преземените обврски и запазување на временските рокови кон сите свои деловни соработници и кооперанти.
Винаријата годинава обработи 18,5 милиони килограми грозје, од различни добавувачи од целата територија на Република Македонија, а дел се добиено од сопствените лозови насади, кои се протегаат на 600 хектари земјиште во Скопското и Тиквешкото виногорје.
“И оваа година, како и претходните, нашата винарија ги почитуваше препораките на владата во врска со цените на исплата на грозјето, а воедно и роковите на исплата на лозарите, па навремено и соодветно на законот го исплати откупеното грозје”, стои во соопштението на компанијата.
Сковин вложува постојани напори за освојување на нови пазари и зголемување на својот извоз. Во рамки на овој процес, потпиша Договор за дистрибуција на своите вина со партнер од Босна и Херцеговина. Тоа за нас е исклучително важен пазар, на кој очекуваме пласман на повеќе од 500.000 литри вино на годишно ниво.
Покрај отворање на пазарот на Босна и Херцеговина, напоредно се одвива и процесот на истражување и на планирање на вложувања и на пазарите во Албанија, Русија и Кина. За овие пазари веќе постојат и иницијални разговори со компании заинтересирани за вината на Сковин.
Од неодамна винаријата го отвори својот прв винарски подрум. Со неговото финализирање започна процесот на интезивно вложување во винскиот туризам во Република Македонија и афирмирање на нови можности и потенцијали на градот Скопје како туристичка дестинација. Сковин е најголемата винарија во Скопје и неговата блиска околина, што го прави подрумот исклучително погоден за организирани вински дегустации со вклучена посета на самата Винарија со помош и совети од професионални енолози и сомелиери, како и различен вид на бизнис и друг вид на настани за сите посетители на Скопје.
Сковин и оваа година ќе продолжи со постојаниот процес на подобрување на квалитетот на своите производи, преку вложување во нови технологии, како што се дабови буриња за винарскиот подрум, процесна технологија и опрема за полнење. Овој процес има една главна цел: Сковин да стигне голем македонски производител на квалитетни вина, достапни за сите категории на купувачи како на домашниот така и на странските пазари. Како потврда на оваа тендеција се најновите награди во конкуренција од 130 вина од четири земји во регионот, каде вината Шардоне, Вранец Марков Манастир и Скупи Куве се закитија со награди доделени на престижната манифестација за дегустација и оценувања на вина Гаст, која традиционално се одржува секоја година во Сплит, Хрватска.