Компанијата Тесла ги намалува цените на автомобилите во некои земји во Европа, Африка и Блискиот Исток

15

Портпаролот на Tesla  изјави дека компанијата ќе ги намали цените на некои модели на автомобили во одредени земји во Европа, вклучително и Германија, како и на Блискиот Исток и Африка.

Во Германија цената на моделот 3 со погон на задните тркала падна од 42.990 евра на 40.990 евра, пренесува Ројтерс.

Таа компанија, чиј основач и директор е милијардерот Илон Маск, претходно најави намалување на цените во Кина и во САД.

Во САД цените на трите модели ќе бидат помали за 2.000 долари, а Model Y ќе чини 42.990 долари, Model S 72.990 и Model X 77.990, пишува ABC News.
На 15 април Маск објави дека 10 отсто од вработените во компанијата ќе бидат отпуштени.

Компанијата Тесла на почетокот на април објави дека испорачала 386.810 возила во првиот квартал од 2024 година, што е за 8,5 отсто помалку во споредба со истиот квартал минатата година, објавија медиумите.
На квартална основа, испораките на возила на Tesla паднаа за 20 отсто во споредба со четвртиот квартал од 2023 година.