Конечно задоволителен раст на кинескиот БДП

58

Растот на кинескиот БДП во третото тромесечје го забави најнискиот раст на кинеската економија од почетокот на светската криза. Овој податок значи дека по долги седум квартали постојано намалување на БДП, Кина и светот конечно може да здивнат.

Кинескиот завод за статистика објави дека кинескиот БДП има пораст од 7,4% во однос на истиот период минатата година.

Последните податоци за инвестициите и фиксниот капитал, индустриското производство и личната потрошувачка се подобри од очекуваните. Вложувањата во фиксниот капитал се пораснати за 20,5% во однос на истиот период идната година. Потрошувачката во септември бележи пораст за 14%, а беа прогнозирани 9%.

Според аналитичарите за оваа неочекувана ситуација која го изненади целиот свет, е “виновна“ Кинеската Народна Банка која во два наврати во 2012 година ги намали каматните стапки за банките и стапките за задолжителните резервите на банки.

И додека неочекуваниот раст на кинеската економија ги изненади сите, за кинеските власти ова претставува оптимистичко очекувано сценарио, кое се очекува за кратко време ги врати посакуваните 10% раст на БДП.