На 25 и 26 ноември, во хотел Александар Палас во Скопје, ќе се одржи конференција на тема ИКТ во Агробизнисот, организирана од страна на МАСИТ – Стопанска комора за информатички и комуникациски технологии. МАСИТ оваа регионална конференција традиционално ја организира по дванаесетти пат, како успешен собир на сите ИКТ чинители од регионот, од приватниот сектор, со цврста намера за оформување на еден делотворен дијалог со сите национални регулаторни тела од секоја земја учесничка.
Целта на овогодинешната конференција е да се соберат сите чинители од ИКТ и агробизнис индустријата на едно место, да се претстават трендовите во двете индустрии, да се идентификуваат можностите за соработка, размена на искуства и најдобри практики, како и да се олесни и поттикне меѓусебната соработка.
На конференцијата ќе присуствуваат голем број на претставици од институциите и компаниите од агробизнис и ИТ индустријата од земјава и регионот. Ќе се презентираат успешни приказни и решенија, а ќе бидат организирани и Б2Б состаноци.