Кони – првиот робот “вработен” во Хилтон

45

watson-connie-hilton-ibm-640x427Најголемиот синџир на хотели во светот Хилтон може да се пофали со уште едно достигнување – роботот Кони, пишува Ixbt. Тој е дел од персоналот на Хилтон МекЛин во Вирџинија, а станува збор за пилот проект на технолошката платформа IBM Watson и Хилтон.

Роботот е именуван според основачот на синџирот хотели Конрад Хилтон – Кони, а истиот може да одговара на прашања од гостите од типот на локални туристички атракции, ресторани каде има добра храна, што нуди хотелот за посетителите и слично.

Изгледот на Кони е базиран на Нао, популарниот хуманоид изработен од страна на француската компанија Алдебаран.

Моделот што се наоѓа во Хилтон користи софтвер од Watson којшто најмногу помага при процесирање на јазикот за Кони да може да го разбере човечкиот говор. Роботот исто така користи информации за патувања од WayBlazer, партнер на IBM што го користи софтверот за да даде персонализирана понуда за кориснците.

Хилтон не е прв хотел што вработил робот како дел од персоналот. Моментално роботите се светски тренд чија цел е намалување на трошоците за работна сила и искористување на најновите технологии.