Конкуренција на Ербас и Боинг: Кина го има првиот комерцијален авион

43

China Eastern Airlines, првиот клиент на домашниот кинески авион со тесно тело C919, ќе го започне својот прв комерцијален лет во недела.

Авионот C919 ќе полета со бројот на летот MU9191 во 10:45 часот по пекингшко време од меѓународниот аеродром Шангај Хонгкиао и ќе слета во Беиџинг Капитал во 13:10 часот, пренесува Ројтерс.

Комерцијалното работење на авионот C919 означува пресвртница во надежите на Кина дека авионот ќе го разбие долгогодишниот дуопол на Ербас и Боинг во глобалната воздухопловна индустрија.

Авионот е произведен од Commercial Aviation Corp of China како конкурент на „семејствата“ на авионите Ербас А320nео и Боинг 737 MAX и веќе има извршено многу летови без патници.

China Eastern Airlines претходно објави дека C919 ќе лета комерцијално со Шангај како негова главна база.

Авиокомпанијата потпиша договор за изградба на пет C919 во март 2021 година и го зеде својот прв B-919A во декември и започна 100 часа пробни летови за проверка на празните авиони.

Кинеската државна новинска агенција Ксинхуа минатата година објави дека C919 ќе го направи својот прв комерцијален лет напролет.