Консултации за трансфер на вработени од јавниот во приватниот сектор

50

Продолжуваат инклузивните консултации и работните средби со сите засегнати страни, за трансфер вработените од јавниот во приватниот сектор, како дел од сеопфатниот проект за реорганизација на јавната администрација.

Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, денеска одржа работен состанок со претставниците на сите стопански комори во нашата земја, како и со претставници од синдикалните здруженија.

На состанокот се разговараше за начинот и поволностите од реализација на оваа мерка, а беа претставени и пет различни модели за спроведување на овој процес. Како што истакна министерот, дел се на иницијатива на МИОА, дел се иницијатива на стопанските комори, а дел и на самите синдикати.

“Со нив паралелно со финалните резултати од функционалните анализи и новиот предлог на Законот за организација и работа на органите на државната управа, којшто ќе го предложиме на јавноста на почетокот на февруари, конечно да донесат до поефикасен јавен сектор којшто ќе дава побрзи, поефикасни и поквалитетни услуги на граѓаните и на бизнисите“, рече министерот Манчевски.

Првиот модел се однесува на субвенции за потенцијалните работодавачи од приватниот сектор. Овој модел подразбира дека Владата на Република Северна Македонија ќе обезбеди финансиска поддршка (надомест за придонеси за здравствено и пензиско осигурување) за работодавачите кои ќе преземат вработени од јавниот сектор за определен временски период. Како одговор на оваа помош од Владата, приватниот сектор има обврска да обезбеди повисоки плати за вработените кои ќе бидат преземени од јавниот сектор.

Моделот што наидува на најголема поддршка од стопанските комори се однесува на пакети за преквалификација на дел од вработените од јавниот сектор. Овој модел значи дека Владата ќе обезбеди/финансиски ќе ги покрие обуките за прекфалификација на вработените во јавниот сектор согласно потребите на пазарот на трудот во приватниот сектор.

Покрај овој тип на прекфалификација, се зборуваше и за внатрешните прекфалификации, согласно потребите на институциите.

Фото: Pexels