Во соработка со Канцеларијата за ветеринарство на БиХ, ентитетските министерства за земјоделство и инспекторатите, USAID/Sida FARMA проектот ангажираше консултант од Словенија да и помогне на работната група во изработка на предлог Акционен план за надминување на пречките за извоз на млекотот од БиХ во ЕУ, јавува Радио Сараево.
Во јануари Одделот за здравје и грижа за потрошувачите на Европската комисија по спроведените контроли објави извештај во кој стоеше дека сегашната контрола на млеко и млечни производи во БиХ не е ефикасна ниту ефективна и затоа БиХ не може да извезува млеко во Европската унија.
“На лошиот квалитет на производите влијае недостатокот на професионален надзор. Квалитетот на сировото млеко е загрижувачки. Само неколку произведувачи на млеко се придржуваат до критериумите за квалитет на млеко пропишани во ЕУ”, стои во извештајот.
Извештајот содржи и препораки кои недостатоци треба да се отстранат за да се воспостави систем на производство и контрола на млекото во согласност со стандардите на ЕУ.