Консултативна работилница за нацрт Стратегијата за ЈИЕ 2020

29

Комитетот за инвестиции за Југоисточна Европа, во рамки на Советот за регионална соработка, денес ќе одржи консултативна работилница за нацрт Стратегијата за ЈИЕ 2020: Работни места и просперитет во европска перспектива.

На работилницата учество ќе земат членовите на Националниот економски тим, претставници од надлежните институции, граѓанското општество, приватниот сектор, донатори и други заинтересирани страни.

Работилницата ќе ја отвори Националниот економски тим лидер Анче Трифунов, државен секретар во Министерството за економија.

За првпат пред пошироката јавност ќе биде презентирана Стратегијата за ЈИЕ 2020, со цел да се остварат пошироки консултации во врска со планираните цели, мерки и инструменти за нивно реализирање.

Како што соопшти Министерството за економија, целта на работилницата е прибирање повратни информации од сите засегнати страни, што ќе бидат земени предвид во конечната верзија на Стратегијата, која ќе се усвои на Министерската конференција, која ќе се одржи во ноември во Сараево.