
Околу 30 пратки со овошје и зеленчук наменети за хрватскиот пазар годинава и лани биле контаминирани со штетни и канцерогени хемикалии.
До таа бројка стигна порталот Даница анализирајќи ги сите комуникации на Европскиот систем за брзо предупредување во сообраќајот со храна и на Хрватската агенција за земјоделство и храна во текот на оваа и минатата година.
Овошјето и зеленчукот третирани со штетни пестициди главно беа стопирани веќе на хрватската граница, но некои производи сепак стигнаа до полиците. Останува вечното прашање колку такви производи поминале под радар, односно дека воопшто не се откриени.
Круши и домати
Според бројот на пратки со контаминирано овошје и зеленчук наменети за хрватскиот пазар, Турција е очигледно во водство: минатата и оваа година штетни пестициди биле откриени не помалку од 11 наврати. Три пати во круши, двапати во лимони и суви смокви и по еднаш во мандарини, пиперки, домати и грејпфрут.
На второ место е Македонија со четири пратки: двапати мешана салата и по еднаш свеж морков и бибер. Во три наврати кај хрватските мандарини бил откриен штетен и забранет пестицид, а спорни биле две пратки домати и млад кромид од Албанија.
Египет испратил во Хрватска контаминирани пратки со свежи моркови и бел грав. Туршијата пристигнаа од Србија, лиметите од Бразил, оризот од Пакистан и Индија, свежите сливи од Полска, крушите од Кина, ф’стаците од Холандија.
Од мини-анализата на хрватскиот портал може да се заклучи дека најзабранети пестициди имало кај крушите, доматите, мандарините, пиперките, лимоните и морковите. Затоа апелираат да се внимава кога потрошувачите ги купуваат тие производи доколку доаѓаат од земјите што се споменати.
Од забранетите пестициди, во најголем број случаи се споменувал хлорпирифос, кој е откриен во дури 13 пратки со овошје и зеленчук: во лимети, зелена салата, моркови, грејпфрут, ориз, грав, мандарини, сливи, лимони…
„По хлорпирифос, кој е убедливо најзастапен, следуваат фосмет, фенамифос и форматанат. Сите тие се забранети за употреба во Европската унија поради бројни студии кои ја докажуваат нивната штетност по здравјето на луѓето. Не смеат да се појавуваат ниту во храната од увоз.











