Континентал го напушта рускиот пазар

97

Германскиот производител на гуми и автомобилска електроника Континентал АГ планира да се повлече од рускиот пазар, соопшти  генералниот директор на компанијата Николај Сецер.
Според соопштението објавено на веб-страницата на компанијата, Сецер рече дека Континентал „продолжува да се залага за контролирано излегување од рускиот пазар.

Причина за ваквата одлука, како што се додава, е ситуацијата во Украина, пренесува ТАСС.

Сецер рече дека 2022 година донесе многу предизвици за компаниите поврзани со конфликтот во Украина, бидејќи цените на суровините, енергијата и логистиката се зголемија.

На 8 март минатата година, Континентал објави дека го прекинува производството и работењето во Русија, пред сè производството на гуми и компоненти во фабриката во градот Калуга.

Компанијата потоа го прекина извозот на своите производи во Русија.

Континентал подоцна реши повторно да ја отвори фабриката во Калуга.