Контролата со погледи и гестови станува реалност?

21

PredictGaze е една од неколкуте компании кои веруваат дека иднината на човештвото е во контролата без допир. Имено, еден од дизајнерите на PredictGaze, Кетан Банјар, сака да создаде природни начини на кои ќе може да се контролира се, почнувајќи од телевизијата, па се до автомобилот.

Оваа технологија ги спојува детекцијата на погледот, препознавањето на гестовите и изразите на лицето. Со самиот факт дека во голем број на уреди веќе има вградено камери, планот на овој дизајнер не е невозможен.

Оваа апликација може да биде искористена за многу работи, на пример за спречување на децата да гледаат недозволени телевизиски содржини, за препознавање доколку возачот стане поспан зад воланот за време на возењето.

Со технологијата на PredictGaze е можна комбинацијата од машинско учење и алгоритам на компјутерска верзија на софтверот, кој може да го користат и стандардните камери. Со тоа би можело да се одреди во кој правец личноста гледа, од кој пол е, дали се смее, и друго. Со активирање на одредена функција на софтверот ќе можат да се препознаат и гестови.

Еве што изјави Банјар: “Не собравме различни технологии на едно место. Ова многу се разликува од тоа. Ова е само една технологија која може да препознава лица, гестови и погледи”.