Концертот на Бијонсе е делумно виновен за порастот на инфлацијата во Шведска, вели економист

Мајкл Гран, виш економист на една од водечките нордиски банки, Danske Bank, смета дека американската пејачка Бијонсе е делумно виновна за минатомесечниот пораст на инфлацијата во Шведска.
Месечната инфлација во оваа земја во мај е зголемена за 0,3 процентни поени во однос на април. Растот е предизвикан од порастот на цените на голем број стоки и услуги, меѓу кои се и услугите на хотелите, рестораните, како и оние кои организираат забавни услуги како концерти. Гран објасни зошто верува дека Бијонсе е делумно виновна за порастот на инфлацијата.

„Почетокот на нејзината светска турнеја на Бијонсе во Шведска се чини дека придонесе за зголемувањето на инфлацијата во мај. Не се знае за колку, но веројатно за 0,2 или 0,3 процентни поени, колку поскапеа хотелските и ресторанските услуги.  Очекуваме дека ова изненадување ќе биде обратно во јуни, кога цените на хотелите и билетите ќе се вратат во нормала“, рече Гран.

Како што пишува  Политико, иако големите културни и спортски настани може да предизвикаат моментално зголемување на цените на хотелите и рестораните, тие ретко влијаат на националната стапка на инфлација.

На пример, цените на хотелските услуги се зголемија за 4,3 отсто минатиот месец во Париз, бидејќи градот беше домаќин на тенискиот турнир „Ролан Гарос“, а беше и место за концертот на Бијонсе.

Фото: facebook