Конзум се повлече од Загрепската берза, ќе оди на Лондонската?

56

konzumГлавното Собрание на хрватскиот трговски ланец Конзум, дел од концернот Агрокор, одлучи да ги повлече акциите од Загрепската берза. На сите акционери кои не се согласуваат со одлуката Конзум да се повлече од берзата, ќе им биде исплатен надоместок. Конзум се обврза дека цената нема да биде помала од 148 куни (19,56 евра) за акција, јавуваат хрватските медиуми.

Инвестициската јавност смета дека Конзум по спојувањето со словенечки Меркатор во ланецот Adria Retail и истиснување на малите акционери, ќе се излиста на некоја посилна странска берза, како Лондонската или Њујоршката.